Фудбалерите на Манчестер Сити вчера го декласираа градскиот ривал со убедливи 6:3, а по три гола за „граѓаните“ постигнаа Ерлинг Халанд и Фил Фоден.
Само еден ден по овој натпревар од Островот ни пристигнува вест дека Манчестер Сити одлучил да му понуди на Фоден нов договор со подобри финансиски услови. Иако и претходно се пишуваше за нов договор на младиот фудбалер, сепак официјалната понуда изостана.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во иднина Фоден би можел да заработува 240.000 фунти неделно. Играчот за врска со „граѓаните“ врзан до јуни 2024 година.
Според „Атлетик“ новиот договор на Фоден ќе има важност до 2027 година и според него би заработувал повеќе отколку во овој момент, но не се открива колку. Репрезентативецот на Англија неколку пати претходно истакна дека е од детството е навивач на Сити и дека му е чест што може да го носи дресот на овој клуб.
Living the dream 🥰
— Match of the Day (@BBCMOTD) October 2, 2022
Boyhood Manchester City fans Erling Haaland and Phil Foden both scoring hat-tricks against Manchester United!#BBCFootball #MCIMUN pic.twitter.com/cXEFPFEcxz