Ракометарите на Кил изборија пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва како гости во реванш осминафиналето го победија Рајн Некар Ловен со 26:24 и со тоа ја анулираа предноста на противникот, кој на првиот дуел победи со 25:24.
Во вкупниот резултат е 50:49 за Кил, кој во четвртфиналето ќе игра против Барселона исто како и ланската сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двете екипи се менуваа во водството, а во решавачките моменти ракометарите на Кил беа посмирени. Ким Екдал ди Риц од РНЛ со шест голови беше најефикасен, додека кај Кил најпрецизни беа Никола Билиќ и Марко Вујин со по пет голови.
Другите осминафинални дуели се играат во деновите од викендот: ПСЖ – Нант (26:26 прв натпревар), Веспрем – Загреб (23:22), Флензбург – Мешков Брест (26:250, Киелце – Монпеље (28:32) и ПИК Сегед – Силкеборг (26:24).
Македонскиот првак Вардар во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Флензбург – Мешков Брест.