Дома Фудбал Англија Египќанецот е повеќе од човек: Салах со неговиот потег го расплаче детето на трибините

Египќанецот е повеќе од човек: Салах со неговиот потег го расплаче детето на трибините

Ливерпул вчера пред своите навивачи полесно од очекуваното дојде до победа против Саутемптон од 3:0.

„Црвените“ на најдобар начин ја отворија сезоната и се уште на своето конто имаат максимален број на бодови. Во листата на стрелци се запиша и Мохамед Салах кој овие денови беше под голем притисок поради лошата реализација, но Египќанецот тоа вчера го прекина.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По натпреварот Салах уште еднаш ја покажа својата големина кога направи среќно едно дете на трибините. Додека одеше кон соблекувалната го виде транспарентот на кое детето напиша дека сон му е да го добие дресот од Салах.

Салах го виде транспарентот и одлучи да му го исполни сонот на овој млад навивач на Ливерпул. Кога му го даде дресот, детето плачеше од среќа, а подоцна на Твитер и неговиот татко призна дека пуштил солза. Египќанецот не запре тука, бидејќи исто така стави и срце во коментар на објавата на таткото на младиот навивач на „Црвените“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати дресовите на Србија, Швјацарија, Чешка, Австрија и Исланд за Европското првенство

Репрезентацијата на Србија успеа да се избори за пласман на Европското првенство кое летов…