Дома Фудбал Останато Евра во стилот на Кантона: Нога во глава и тоа кон своите навивачи, следува ли продолжение на инцидентот? (Видео)

Евра во стилот на Кантона: Нога во глава и тоа кон своите навивачи, следува ли продолжение на инцидентот? (Видео)

Во Манчестер го обожаваа, но Патрис Евра и Марсеј никако „да кликнат“.

А по вечерашниот инцидент на гостувањето кај Виторија Гимараеш тешко дека нивните односи ќе се поправат. Искусниот француски бек имено, себе си дозволи во стилот на легендарниот Кантона, со карате удар да влета на трибините.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Попрецизно, влета во просторот за рекламни паноа кај головите, но тоа ниту малку не ја менува ситуацијата дека Евра се насочи директно кај навивачите.

Но, ако Кантона ги таргетираше навивачите на Кристал Палас, Евра постапи лудо и се залета кон своите навивачи.

Се закрчка уште пред почетокот, го навредуваа навивачите на загревањето, цел Олимпик тим влезе во расправа, но Евра не можеше да се контролира. Со нога в глава. Неверојатно!

Секако, судијата веднаш го исклучи, а не се сомневаме дека оваа приказна ќе има свое продолжение и откако се изгасат камерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона нема да тагува за Хулијан Алварез затоа што имаат спектакуларна замена!

Пред неколку дена, аргентинските медиуми објавија дека Хулијан Алварез летово ќе премине в…