Дома Фудбал Паттрис Евра станува ММА борец, а за прв противник ниту помалку, ниту повеќе го сака – Луис Суарез!

Паттрис Евра станува ММА борец, а за прв противник ниту помалку, ниту повеќе го сака – Луис Суарез!

Познатиот француски фудбалер Патрис Евра наредниот месец ќе стане ММА борец и ќе дебитира во познатата промоција ПФЛ (Professional Fighters League).

Промоцијата, чиј што членови биле или сè уште се Џастин Гетџи, Франсис Нгану, Анте Делија… на 23 мај ќе одржи настан во Париз, а потврдено е дека таму ќе се бори и 43-годишниот Евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Натамошната ѕвезда на Манчестер Јунајтед ќе има аматерска борба, а сè уште не се знае кој ќе му биде противник.

Евра им откри на своите фанови дека би сакал негов противник да биде Луис Суарез (38) со кого водеше големи битки на зелениот терен во Премиер лигата во периодот од 2011 до 2014 година.

Но, многу е неизвесно дали токму тој дуел ќе се одржи, со оглед на тоа дека Уругваецот сè уште активно игра за американскиот Интер Мајами, но сè ќе биде познато во следните неколку денови.

Фото: Manchester United/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…