Дома Фудбал Англија Еве што се случува кога легенда на Манчестер Јунајтед ќе „налета“ на дресот на Агуеро (ВИДЕО)

Еве што се случува кога легенда на Манчестер Јунајтед ќе „налета“ на дресот на Агуеро (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд беше гостин во интересна емисија на „БТ Спортс“.

Фердинанд како гостин дојде во студиото во кое имаше колекција на дресови од играчи кои ја обележале фудбалската историја. Покрај големиот број ѕвезди тука беше и дресот на напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Овој дрес кај Рио разбуди непријатни сеќавања кога Агуеро постигна гол во последните секунди и ја одзема титулата на Манчестер Јунајтед. Тоа што го фрли на земја најдобро покажува што мислеше за тој дрес.

https://www.youtube.com/watch?v=lGhYIX_Vs5I

„Се сеќавам тој ден сите зборуваа дека сме шампиони на Англија. Натпреварот на Сити уште се играше и губеа со 2:1. Го чекавме крајот и тогаш некој кажа дека водат со 3:2 и дека Агуеро постигнал гол во последната секунда. Го мразам овој дрес“, порача Фердинанд.

Овој момент може да го погледнете во видеото на 7:53.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најмала земја во историјата успеа да се квалификува за Светското првенство

КУРАСАО го освои местото како најмала земја во историјата која се квалификувала за Светско…