Дома Фудбал Останато Еве кои играчи на Јувентус први му посакаа добредојде на Роналдо

Еве кои играчи на Јувентус први му посакаа добредојде на Роналдо

Роналдо и управата на Јувентус ја официјализираа соработакта, најдобриот фудбалер во светот од следната сезона домашните натпревари ќе ги игра на стадионот на Јувентус.

Никогаш вакво нешто не се случило и никогаш ниту еден трансфер, колку примери и да наведете, не предизвика толку внимание во светската јавност. Многу контроверзии предизвика оваа одлука на Роналдо, и додека сите навивачи на ПСЖ потајно се надеваа дека Роналдо би можел да им се придружи, истото беше и со навивачите на Манчестер Јунајтед.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повеќето од фудбалерите на италијанскиот клуб имаат профили на Твитер, каде што се доста активни, а први кои му посакаа добредојде на Роналдо се Кедира и Диабала. Германскиот репрезентативец како поранешен соиграч изрази задоволство што повторно ќе игра во ист тим со Роналдо, додека Диабала само му посака добредојде.

Големо е задоволството и за играчите на Јувентус да се соработуваат со човекот кој во кариерата освои се и кој може да послужи како пример на сите како да се однесуваат кон кариерата и со која доза на страст и професионализам.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…