Дома Фудбал Италија Еве зошто беше посебно важно враќањето во ЛШ: Милан има сигурни плус 43 милиони евра!

Еве зошто беше посебно важно враќањето во ЛШ: Милан има сигурни плус 43 милиони евра!

После подолга пауза Милан се враќа во Лигата на шампионите, а тоа значи и повеќе пари во касата на клубот од „Сан Сиро“:

„Росонерите“ со победата против Аталанта во Бергамо го потврдија местото во најелитното натпреварување за наредната сезона, а тоа ќе им донесе и дополнителни 43 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Како и секој учесник Милан има загарантирани 15.25 милиони евра за пласманот помеѓу најдобрите 32 екипи, а ќе добие и дополнителни 16.6 милиони врз база на својата историја и седумте европски титули, останатто е сума од маркетот пулот на УЕФА. Со сето тоа се доаѓа до бројка од 43 милиони евра.

Треба да се спомене со секое реми и победа наградниот фонд се зголемува. Секоја победа носи плус 2.7 милиони евра, а реми 900.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова е таткото на анонимус и тврди дека го побарал Реал Мадрид: Горд сум на него

Неочекувано засилување би можело да пристигне во Реал Мадрид. Младиот боливиски фудбалер М…