На 45. издание на традиционалниот ракометен турнир „Струга 2017“ што ќе се игра од 12 до 15 август ќе настапат шест екипи, кои се поделени во две групи.
Вчера со извлекување беа одредни групите со полудиригирана ждрепка, а учесниците од Лигата на шампионите (Металург и Бешикташ) беа одредени за носители.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Групата А ја сочинуваат: Охрид, Бешикташ, Алингсас, додека во групата Б се: Металург, Струга, Шатр.
Победниците од групите ќе играат во финалето, а од лани победничкиот пехар ќе го брани француската екипа Шатр.
Натпреварите ќе се играат на теренот на „Женска плажа“ во Струга.