Најинтересниот натпревар денес во Бундес лигата го одиграа екипите на Борусија Дортмунд и Хофенхајм.
„Милионерите“ во натпреварот влегоа максимално сериозно, но успеаа да „прокоцкаат“ предност од 3:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До водство Борусија стигна во 32-та минута со голот на Санчо, за потоа на две минути пред паузата Геце да зголеми на 2:0. Офанзивна игра на Борусија беше видена и во продолжение од натпреварот, па во 67-та минута стигнаа до трет погодок. Овој пат стрелец беше Гуреиро.
И тогаш никој не веруваше дека Борусија нема да го освои комплетниот плен.
Меѓутоа во последните 10-тина минути гледавме вистинска драма. Белфодил во 75-тата минута намали на 1:3, за потоа Карабек осум минути подоцна да биде 2:3. За конечните 3:3 се погрижи Белфодил со вториот погодок на три минути пред истекот на регуларните 90.
Бундес лига резултати
Борусија Менхенгладбах – Херта 0:3
Борусија Дортмунд –Хонфенхајм 3:3
Фрајбург – Волфсбург 3:3
Хановер – Нирмберг 2:0
Лајпциг – Франкфурт 0:0