Борусија Дортмунд денес во рамките од 31-то коло во Бундес лигата запиша пораз на свој терен од Шалке со резултат 4:2.
„Милионерите“ со победа сакаа да ја продолжат трката со Баерн за шампионската титула во Германија, одлично и започнаа кога Марио Геце постигна гол за 1:0 на стартот од натпреварот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа само четири минути подоцна Шалке изедначи преку Калигури од белата точка. Во 28 минута гостите стигнаа и до пресврт. Со тој резултат се замина на полувреме.
Марко Ројс во 60-та минута доби директен црвен картон.
Работите за Борусија се влошија кога Калигури во 62-та минута со одличен гол од слободен удар погоди за 3:1. Во 65-тата минута навивачите на Борусија Дортмунд не можеа да веруваат на своите очи кога главниот судија Звајер му покажа директен црвен картон и на Волф и така Борусија остана со девет играчи.
Во 84-тата домаќините намалија на 3:2 преку Витсел, но само една минута подоцна Емболо постигна гол за 4:2.
После овој пораз на Борусија, Баерн Минхен утре ќе има прилика против Нирмберг да дојде до предност од четири бода на три кола пред крајот на првенството.