Дома Фудбал Лига на шампиони Нема место за сите: Вечерва се простуваме од два великани

Нема место за сите: Вечерва се простуваме од два великани

Лајпциг и Аталанта синоќа станаа првите учесници во четвртфиналето во ЛШ, а вечерва ќе дознаеме уште две имиња кои ќе обезбедат пласман меѓу осуммте најдобри во Европа.

Вечерва ќе имаме прилика да гледаме два дерби натпревари, пласман на два големи тимови, но и простување со два великани.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголемо внимание секако привлекува натпреварот на Енфилд, каде актуелниот првак Ливерпул го пречекува мадридски Атлетико.

Гостите од Мадрид во овој натпревар влегуваат со гол предност од првиот натпревар. Диего Симеоне во првиот натпревар го најде рецептот за нападот на Црвените и успеа да го добие дуелот. Сепак, вечерва пред неговата екипа е голем предизвик и останува да видиме дали ќе успее да остане непоразен на Енфилд.

Секако, интересно ќе биде и во Париз, каде Борусија носи предност од 2:1 од првиот натпревар против ПСЖ.

Парижаните се под голем притисок за освојување на ЛШ, а вечерва би можеле да бидат значително ослабени бидејќи настапот на Килијан Мбапе поради болест е под знак прашалник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…