Тимот на Ливерпул денес во драматичен натпревар го совлада Кристал Палас на „Енфилд“.
Натпреварот за „црвените“ не започна добро, Таусенд постигна погодок во 34-тата минута за водство на гостите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа беше и единствениот погодок во првите 45 минути.
Во вториот дел следуваше вистинска лудница.
Мохамед Салах после само две минути игра изедначува на 1:1, а шест минути подоцна Фирмино погодува за целосен пресврт.
Палас не се откажа, Томкинс во 65-тата реализира за 2:2. До ново водство тимот на Клоп стигна после грешката на чуварот на мрежата на Палас која ја казни Салах.
Победата за Ливерпул ја обезбеди Садио Мане во 93-тата минута, но тука не беше крајот на возбудувањата, Макс Мајер во 95-тата минута ги постави конечните 4:3.
Треба да се истакне и дека Џејмс Милнер во 89-тата минута го заработи вториот жолт картон.
Во останатите натпревари Манчестер Јунајтед ја продолжи низата на победи против Брајтон (2:1), Њукасл го декласираше Кардиф со 3:0, Саутемптон на домашен терен беше подобар од Евертон (2:1), Бурнемот го совлада Вест Хем со 2:0, додека Вотфорд и Барнли одиграа 0:0.