Бразилецот Нејмар ова лето стана најскапиот фудбалер во историјата, но неговите потези по доаѓањето во ПСЖ се повеќе ги иритираат љубителите на најважната споредна работа во светот.
Првата ѕвезда на клубот од Париз неделно заработува огромна сума, а очигледно дека славата и премногу го „удри“ во глава па во последно време се почесто поставува неверојатни барања од клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Нејмар одлучил да побара од клубот тој да одлучува во кои натпревари ќе игра, а кои ќе ги пропушти до крајот на сезоната.
Напаѓачот смета дека нема потреба да игра на сите натпревари.
„Нејмар од ПСЖ сака посебни привилегии. Сака тој да ги носи одлуките за тоа во кои натпревари ќе игра, а во кои не“, тврди извор близок до клубот за француските медиуми.
Наводно Бразилецот отворено го истакнал незадоволството од тренерот Унаи Емери, но и соиграчот Едисон Кавани и веќе се пожалил до управата дека Шпанецот го фаворизира Уругваецот.
Навистина неверојатни работи прави бразилскиот фудбалер и сега повеќе изгледа на размазено дете кое добива се што ќе посака, отколку на фудбалер кој може да го одведе ПСЖ до титулата во Лигата на шампионите.