Дома Фудбал Останато Дојде и тој ден: Сон се појави во војска!

Дојде и тој ден: Сон се појави во војска!

Напаѓачот на Тотенхем Сон Хеунг Мин отпатува во родната Јужна Кореја за да служи воен рок.

Поради пандемијата од коронавирусот фудбалот е стопоран и така ќе биде барем до средина мај или почеток на јуни. Оваа пауза Сон реши место во изолација да ја помине во војска и на тој начин да си го одработи своето кон законот во неговата држава.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сон воениот рок требаше порано да го отслужи, но после освојувањето на првенството на Азија во 2018 како награда доби самиот да одлучи кога ќе ја исполни обврската кон државата.

Сега дојде и тој ден кога го започна служењето. Тој прво помина 14 дена во карантин, а сега се појави во воената база каде што ќе ја минува обуката. Сон ќе има скратена обука од три недели.

Во базата Сон се појави во спортска опрема со заштитна маска на лицето. Се очекува во наредните денови да го видиме и во војничката униформа.

Помеѓу останатите вежби кои ќе ги помине е ракување со оружје, марширање со 24 килограми тешка опрема, изложување на солзавец…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вакво нешто не се памети: Арсенал сака четворица фудбалери од ист клуб и ќе понуди 376 милиони евра!

Навивачите на Арсенал ги очекува необично интересно лето, бидејќи раководството на клубот …