Дома Фудбал Англија Дојде, виде, издоминира: Фернандеш најдобар играч во февруари

Дојде, виде, издоминира: Фернандеш најдобар играч во февруари

Новата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш прогласен е за најдобар играч во Премиер лигата за месец февруари.

Португалецот дебитираше за „црвените ѓаволи“ на 1-ви февруари, а веќе ги воодушеви сите со своите настапи и доби значајно признание.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Фернандеш првата асистенција ја забележа во дербито со Челзи, а потоа против Ватфорд запиша гол и асистенција.

„Од кога бев дете сонував да играм за Манчестер Јунајтед, да истрчан на Олд Трафорд. Кога ќе дојдете во нов клуб секогаш сакате да се покажете во добро светло. Задоволен сум со својот почеток, но можам подобро“, изјави Фернандеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скапото засилување го напушта Реал Мадрид

Откако не заигра ниту против Хетафе синоќа во победата на Реал Мадрид на “Алфонсо Пе…