Дома Фудбал Англија Мегваер мораше да му ја предаде лентата на Фернандеш: Новиот капитен откри што му рекол Хари во првата прилика

Мегваер мораше да му ја предаде лентата на Фернандеш: Новиот капитен откри што му рекол Хари во првата прилика

Нов капитен на Манчестер Јунајтед е Бруно Фернандеш. Лентата мораше да му ја предаде Хари Мегваер, а беше откриено што си рекле еден на друг на првата средба потоа.

Иако Хари Мегваер се наоѓал во навистина незавидна ситуација кога требало да му ја предаде капитенската лента на соиграчот, тој се однесувал крајно хумано и професионално кон својот колега.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бруно Фернандеш откри што си кажале на првиот состанок по одлуката на Тен Хаг да го смени капитенот на тимот.

Португалецот пренесе дека Мегваер му испратил честитки, кои ги смета за искрени, со оглед на тоа што секогаш добро се согласувал со англискиот репрезентативец.

„Ми честиташе и рече дека е многу среќен поради мене. Разбирам дека сега не е во најдобра ситуација. Секако дека му е тешко, но мило ми е што ми честиташе, бидејќи секогаш сме имале добри односи.

Ерик тен Хаг не покани и зборуваше пред целата група. Сакаше да се соочи со сите. Сите веќе знаеја за ситуацијата на Хари, но никој не знаеше кој ќе биде новиот капитен.

Тоа е голема чест и нешто за што никогаш не се осмелив да сонувам. Тоа е успех посветен на моето семејство, бидејќи тие секогаш беа покрај мене.

Мислам дека ме избра поради она што го направив минатата сезона. Му се допаѓа начинот на кој размислувам и што сум дисциплиниран, па не гледам зошто би се променил отсега“, изјави Фернандеш, а пренесува Goal.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…