Дома Фудбал Италија Дочека: Вечерва во Јувентус се враќа Фаџоли!

Дочека: Вечерва во Јувентус се враќа Фаџоли!

За вечерашниот натпревар на Јувентус против Болоња за настап ќе конкурира и Николо Фаџоли кој беше суспендиран поради обложување.

Фудбалерот од средниот ред беше суспендиран во октомври 2023 година поради коцкање, но неговата првична казна од 12 месеци беше намалена откако редовно ги посетуваше настаните за рехабилитација и соработуваше во истрагата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сезонава Фаџоли одигра само шест натпревари пред суспензијата, а по добивањето редовно тренираше со првиот тим. Со огледн на тоа што овој и последниот натпревар за Јувентус немаат резултатско значење се очекува Фаџоли да добие минутажа.

Ќе потсетиме, вечерва Јувентус ќе биде предводен од Паоло Монтеро откако Масимилијано Алегри доби отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…