Ник Кирјос полека но сигурно станува легенда. Не затоа што со години е во врвот на АТП листата, туку поради работите кои ги прави на теренот и надвор од него.
Австралиецот со грчки корени е во центарот на вниманието, а исклучок не беше ниту вчерашниот меч против Стефанос Циципас во полуфиналето на АТП турнирот во Вашингтон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кирјос првиот сет го доби со 6:3 за во третиот преку тај-брејк да стигне до финалето каде што ќе игра против Данил Медведев.
Во тај-брејкот на третиот сет Кирјос имаше 8:7 на свој сервис, а во тој момент се одлучи помош да побара од навивач на трибините. На крајот кога го освои поенот Кирјос се врати кај навивачот и му се заблагодари.
Who needs a coach with tennis-savvy fans like this? ?
?: @TennisTV | @NickKyrgios | #CO19 pic.twitter.com/srNOsjhblT
— ATP Tour (@ATP_Tour) August 4, 2019
Nick's trick ?@NickKyrgios squeaks by Stefanos Tsitsipas to reach the @CitiOpen final, 6-4 3-6 7-6(7). #CO19 pic.twitter.com/9g8y6VPnx8
— Tennis TV (@TennisTV) August 4, 2019