Дома Фудбал Германија Дортмунд е пример и за резултати и за заработка: За четири години 612 милиони евра!

Дортмунд е пример и за резултати и за заработка: За четири години 612 милиони евра!

Во последните неколку години, Борусија Дортмунд е пример како еден клуб треба да работи.

Германските „милионери“ освен што имаат солидни резултати, одлично се покажаа и со заработката од продажба на фудбалери. Безброј играчи се пример, доаѓаат во Борусија како неафрмирани играчи, а си одат како големи фудбалери и ѕвезди за астрономски суми.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Така работите одат во круг едни доаѓаат, а другите си одат, додека резултати секогаш има.

Податокот дека клубот во последните четири години заработил огромни 612 милиони евра само од продажба на фудбалери звучи одлично.

И да Дортмунд и сега има „бисери“ кои сигурно скапо ќе ги продаде, тука пред се се мисли на Ерлинг Халанд и Џејдон Санчо.

Најскап трансфер во последните години е оној на Осман Дембеле кој за 125 милиони евра замина во Барселона, потоа Пулишиќ за кого Челзи плати 64 милиони евра, па Обамјенаг за 63 милиони евра…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во терористичкиот напад во Москва била убиена и репрезентативка на Русија

На 22 март во Москва се случи терористички напад во кој според досега собраните информации…