Дома Фудбал Лига на шампиони Дортмунд во ОГРОМНИ проблеми пред натпреварот против Тотенхем

Дортмунд во ОГРОМНИ проблеми пред натпреварот против Тотенхем

Фудбалерите на Борусија Дормтунд утре го играат првиот натпревар во осмина финалето на Лигата на Шампионите против Тотенхем.

Ова сигурно ќе биде еден од најинтересните натпревари во оваа фаза од натпреварувањето, а првиот натпревар се игра во Лондон. Германскиот клуб се наоѓа во големи проблеми пред овој натпревар, бидејќи нема да може да игра еден од најдобрите играчи на овој тим.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Дортмунд игра многу добро оваа сезона и во моментов е лидер во Бундеслигата пред Баерн, но јасно е дека многу се ослабени за утрешниот натпревар против Тотенхем. Дортмунд потврди дека на утрешниот натпревар нема да можат да играат Марко Ројс, Пако Алкасер, Џулијан Вајгл и Лукас Пишчек.

Овие играчи имаат проблеми со повредите и се уште не е познато колку време ќе поминат надвор од теренот. Сигурно дека најголем удар за германскиот тим ќе биде не играњето на Марко Ројс кој се повреди на натпреварот во Купот против Вердер. Тој е првиот стрелец на тимот оваа сезона со 13 постигнати гола.

Се разбира, ослабен ќе биде и Тотенхем бидејќи утрешниот натпревар ќе го пропуштат Хари Кејн и Деле Али, кои веќе некео време се надвор од терените. Потсетуваме натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и Тотенхем на распоредот е утре од 21:00 часот во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул одби 67.000.000 евра и испрати порака до сите

Фудбалскиот клуб Ливерпул одби понуда од минхенскиот Баерн вредна 67.500.000 евра за левок…