Вчера објавивме дека експетскиот тим на „Спортски“ кој ќе дава стручни анализи за Македонија на Европското првенство ќе го сочинуваат, Марио Ѓуровски, Гоце Седлоски и Горан Попов, но денес имаме дополнување!
Во нашиот тим влегува и популрниот „Тетовче“ – Александар Васоски! Стратегот на Академија Пандев исто така ќе го даде својот стручен коментар за натпреварите на репрезентацијата на првиот историски настап. Васоски
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Своето име како играч најмногу го изгради во Германија каде што од 2005 до 2011 го носеше дресот на Ајнтрахт Франкфурт. Во Македонија настапуваше за Вардар и Цементарница. И како тренер Васоски има солидна кариера, започна во младинците на Металург, па дојде во Вардар каде што исто така работеше со младите фудбалери. Подоцна стана асистент, а во 2018 и прв тренер на црвено-црните. Титулата минатата сезона покрај сите проблеми во клубот секако е голем успех, денес како што споменавме работи во Академија Пандев.
Aко ја пропуштивте најавата за Попов, Седлоски и Ѓуровски:
ГОРАН ПОПОВ
Горан Попов е еден од најпознатите македонски фудбалери, а познато е дека тој имаше прилика да заигра во силната Премиер лигата во дресот на Вест Бромвич Албион, во овој клуб настапуваше од 2012 до 2014 година. Дебито во ПЛ го направи на 30. септември 2012 година против Астон Вила. По ВБА следуваше епизода во Вардар каде што ја заврши кариерата. Во кариерата настапуваше уште за Беласица, АЕК, Звезда, Динамо Киев, Херневен…Сигурно дека со неговото искуство ќе ни го доближни настапот на нашата репрезентација.
ГОЦЕ СЕДЛОСКИ
Гоце Седлоски е фудбалерот кој е на второто место по бројот на настапи за репрезентацијата на Македонија одигра точно 100. Пред него е само актуелниот капитен на репрезентацијата Горан Пандев. Седлоски беше лидер на оваа листа се до натпреварот во Љубљана против Словенија кога Пандев го одигра 101. натпревар во репрезентативниот дрес. Во играчката кариера Седлоски настапуваше за Победма Хајдук, Шефилд Венздеј, Динамо Загреб…Денес е тренер на екипата на Шкупи во македонското првенство, по тоа што и денес работи како тренер сигурно дека може да очекуваме одлични анализи.
MАРИО ЃУРОВСКИ
Марио Ѓуровски исто така е поранешен македонски репрезентативец, а денес и тој работи како тренер. Ѓуровски потекнува од славна фудбалска фамилија, негов чичко е познатиот Бошко Ѓуровски. Ѓуровски во кариерата настапуваше за Црвена Звезда, Војводина, Банког Јунајтед…Најголема трага остави во Муантонг Јунајтед каде што денес е и тренер и мора да се признае дека му оди одлично на клупата на овој тим. Тој е нашиот најмлад аналитичар во нашиот експертски тим, но со оглед каков фудбал игра Мунатонг Јунајтед под негово водство имаме што да очекуваме и од Ѓуровски
БИДЕТЕ СО СПОРТСКИ И НАВИВАЈТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА НА ЕП!