Десет натпревари се одржаа НБА лигата во изминатата ноќ.
Далас го победи Феникс со 104:94, а Лука Дончиќ на тимот кој го предводи Игор Кокошков уфрли 30 поени.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Феникс нема капацитет за посериозни дострели во НБА, па максимум што можеше да направи беше да парира до третата четвртина, тогаш Далас зачекори кон сигурната победа.
Дончиќ ја потврди класата против поранешниот селектор на Словенија, Барнс додаде 17 поени, додека Ворен уфрли 20 поени.
Од друга страна, Орландо успеа да прокоцка дури 19 поени на гостувањето против Јута и од 53:72 да изгуби со резултат 106:93. Донован Мичел го донесе пресвртот на Јута кој постигна 33 поени, Огастин уфрли 23, Вучевиќ беше на стандардното ниво со 20 поени и осум скокови.
Лејкерси овој пат успеаа да слават и без Леброн. Запишаа победа против Деторит со 113:110. Отсуството на Џејмс го потполни Кајл Кузма со 41 поен.
https://youtu.be/fBtxOWApQTo
Бостон – Индијана 135:108
Вашингтон – Филаделфија 123:106
Бруклин – Атланта 116:110
Хјустон – Милвоки 109:116
Мемфис – Сан Антонио 96:86
Њу Орлеанс – Кливленд 140:124
Далас – Феникс 104:94
Јута – Орландо 106:93
Портланд – Чикаго 124:112
Лос Анџелес Лејкерс – Деторит 113:110