Лука Дончиќ запиша нов трипл-дабл во победата на Далас против Сан Антонио и повторно е играч за кој зборуваат сите љубители на НБА.
Далас на свој паркет го совлада Сан Антонио со 117:110, а натпреварот го обележа Лука Дончиќ. Со 17-те поени на Дончиќ ја реши првата четвртина во своја корист со 14 поени разлика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сан Антонио во наредните два периоди полека се враќаше во игра и на крајот добивме отворен натпревар кој во самиот финиш на околу 26 секунди до крајот го одлучи Дончиќ со тројка за 115:110.
Дончиќ го заврши натпреварот со трипл-дабл од 42 поени, 11 скокови и 12 асистенции. За Словенецот ова е шести трипл-дабл сезонава, а 14-ти во НБА кариерата. Дончиќ сега е помеѓу играчите со најмногу трипл-дабл учинока пред наполнети 22 години. Покрај тоа Словенецот стана вториот играч после Леброн кој на 21 година успеал да оствари трипл-дабл со 40 поени. Исто така ова е рекорден поентерски учинок во неговата кариера.
На другата страна најдобар беше Демар Дерозан со 36 поени и осум скока, Лемаркус Олдриџ натпреварот го заврши со 16 поени и девет скока.
Останати НБА резултати:
Њујорк Никси 123:105
Бруклин – Индијана 86:115
Торонто – Шарлот 132:96
Чикаго – Милвоки 101:115
Хјустон – Портланд 132:108
Далас – Сан Антонио 117:110
Феникс – Бостон 85:88
Јута – Минесота 102:112
Лос Анџелес Клиперс 90:88