Виктор Вембанјама изминатата ноќ го имаше своето деби во НБА лигата во дресот на Сан Антонио.
Француската кошаркарска надеж се претстави во добро издание и во 23 минути на паркетот постигна 15 поени и имаше само едно промашување од игра. Сепак тоа не беше доволно за победа против Далас кој во своите редови го имаше расположениот Лука Дончиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Маверикс на гости предводени од словенечкиот кошаркар славеа со 126:119. За 33 минути на паркетот Дончиќ блесна со трипл-дабл од 33 поени, 13 скока и 10 асистенции.
Најмногу поени во вечерта постигна Индијана Пејсерс која со 143:120 го совлада Вашинтон. Навистина не се случува често во НБА лигата една екипа во сите четири четвртини да има повеќе од 30 поени што сега и успеа на Индијана.
На гостински терен Бостон го совлада Њујорк со 108:104, Бостон во овој натпревар го промовираше тандемот Тејтум-Порзингис. Двајцата постигнаа повеќе од 30 поени, првиот заврши со 34, плус 11 скока, а Летонецот додаде 30 во своето официјално деби за Бостон. Најфикасен кај Њујорк беше Берет.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Атланта 116-110
Индијана – Вашингтон 143-120
Њујорк – Бостон 104-108
Орландо – Хјустон 116-86
Бруклин – Кливленд 113-114
Мајами – Детроит 103-102
Торонто – Минесота 97-94
Чикаго – Оклахома 104-124
Мемфис – Њу Орлеанс 111-114
Јута – Сакраменто 114-130
Сан Антонио – Далас 119-126
Лос Анџелес Клиперс – Портланд 123-111