Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ го одигра натпреварот на кариерата!

Дончиќ го одигра натпреварот на кариерата!

Tимот на Далас славеше победа против Лос Анџелес Клиперс со 144:126, а неверојатен натпревар одигра словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ.

Дончиќ имал и поефикасни натпревар, но никогаш немал шут од игра како сега против Клиперс. Натпреварот го заврши со 44 поени и шут од игра 17/21 што е дури 81%, за тројка погоди 6/9 и 11/12 за два поени. Ги реализираше Дончиќ и четирите слбоодни фрлања кои ги доби.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На одличната поентерска вечер додаде уште шест скока и исто толку асистенции и доби индекс 32 со што стана првиот кошаркар во историјата на НБА со таков индекс при 44/6/6. Посебно е фантастично што до овој учинок стигна за само три четвртини и за помалку од 32 минути игра.

За Дончиќ ова беше 29. натпревар во кариерата со ефект од најмалку 40/5/5 и така стана најдобар во историјата на лигата. На второто место зад Дончиќ е Џемс Харден со 19.

Кога е натпреарот во прашање треба да се каже дека Далас дојде до победата во само една четвртина, третата која ја доби со 47:18.

OСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Филаделфија 106-114

Вашингтон – Шарлот 117-124

Бостон – Бруклин 121-107

Хјустон – Њу Орлеанс 104-101

Мемфис – Јута 121-127

Сан Антонио – Минесота 110-117

Феникс – ЛА Лејкерс 119-122

Сакраменто – Оклахома 105-98

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Победи на Белградскиот маратон, за малку ќе поставеше и рекорд – па се сруши на патеката!

Кениецот Гилберт Кимплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон кој се одржа денес со вре…