Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ блесна со 50 поени, Јокиќ испиша историја на Божиќ

Дончиќ блесна со 50 поени, Јокиќ испиша историја на Божиќ

Далас го победи Феникс со 128:114 во последниот натпревар од божиќната програма во НБА лигата, а и на овој натпревар на Мавси убедливо прва ѕвезда беше Лука Дончиќ.

Во натпреварот во кој му беа потребни само 11 поени да ја надмине бројката од 10.000 поени, Дончиќ постигна 50. За словенечкиот кошаркар ова беше 358. натпревар во најсилната кошаркарска лига.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Покрај 50 поени, Дончиќ додаде уште 15 асистении и шест скока со што го дополни својот фантастичен настап. Натпреварот беше одлучен во последната четвртина која гостите ја добија со 37:22. Во редовите на Феникс се истакна Ален со 32 поени, додека Мету стигна до дабл-дабл од 23 поени и 19 скока.

Денвер славеше со 120-114 против Голден Стејт, а во историјата по уште еден параметар се запиша најдобриот играч на овој тим Никола Јокиќ. Тој стана прв кошаркар во НБА лигата кој погодил 18+ слободни фрлања без ниедно промашување, а во исто време се израмни по бројот на погодени „пенали“ на овој ден.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Њујорк – Милвоки 129-122

Денвер – Голден Стејт 120-114

ЛА Лејкерс – Бостон 115-126

Мајами – Филаделфија 119-113

Феникс – Далас 114-128

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…