Феноменалниот Словенец, Лука Дончиќ игра неверојатна дебитантска сезона во НБА лигата.
Во вчерашната победа на Далас против Њу Орлеанс (122:119) на Дончиќ му недостасуваше само еден скок за да оствари трипл-дабл учинок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку Дончиќ стигнеше до таков учинок ќе станеше најмладиот кошаркар во НБА кој успеал да оствари трипл-дабл.
После натпреварот Дончиќ беше скромен и порача дека тоа не му е важно и дека сака само Далас да победува.
„Сакав само да победиме. Доколку имавме поголема предност можеби и ќе го бркав тој трипл-дабл. Сепак во ваков неизвесен натпревар важно беше само да победиме“, изјави 19 годишниот Словенец.
Словенецот во вчерашниот натпревар оствари учинок од 21 поен, 10 асистенции и 9 скокови.