Дома Фудбал Италија Донарума пишува историја: Денес по 200-ти пат во дресот на Милан

Донарума пишува историја: Денес по 200-ти пат во дресот на Милан

Младиот италијански голман Џанлуиџи Донарума денес ќе испише историја во Серија А.

Имено, Донарума вечерва против Сасуоло ќе го запише својот 200-ти настап во Серија А за Милан, а има само 21 година.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Со тоа Донарума ќе стане најмладиот фудбалер во историјата на италијанската лига кој стигнал до 200-от настап со само 21 година, 4 месеци и 26 дена.

Донарума на свои 16 години дебитираше во дресот на Милан и од тогаш е незаменлив во тимот на „росонерите“, а стана и прв голман на италијанската репрезентација.

Џиџо покажа дека е еден од најталентираните голмани во светот, а италијанските медиуми тврдат дека наскоро ќе го продолжи договорот со Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатно: Манчестер сити во 2008 година случајно испратил понуда за Меси, еве и како

Манчестер сити пред седумнаесет години беше на чекор да го доведе Лионел Меси, и тоа сосем…