Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.
Договорот на Донарума со Милан истекува во 2021 година, па ова лето мора да биде решена иднината на младиот голман – или ќе потпише нов договор или ќе биде продаден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Донарума донел одлука и сака да остане во Милан, а двете страни се блиску до договор.
Имено, Донарума наскоро ќе стави потпис на нов договор со кој ќе се обврзи на верност кон „росонерите“ до 2025 година. Голманот годишно ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона плус бонуси.
Новиот договор на Донарума е приоритет на раководството на Милан и се очекува голманот во наредните денови да стави потпис на новиот договор.