Дома Топ вести Донарума може да биде продаден, Милан му бара замена

Донарума може да биде продаден, Милан му бара замена

„Газета дело Спорт“ пушува дека иднината на Џанлуиџи Донарума во Милан не е сигурна, па „росонерите“ веќе почнале да му барата замена.

20-годишниот Донарума игра уште една одлична сезона и е една од ретките светли точки кај „росонерите“, а веќе е прв големан на италијанската репрезентација.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ тврди дека спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи веќе работи на неговиот трансфер и имал неколку средби со Мино Раиола.

Договорот на Донарума со Милан истекува во 2021 година, па доколку не го продолжи до крајот на сезоната „росонерите“ ќе бидат приморани да го продадат на лето.

Идентификувани се и двајца голмани кои може да го заземат местото на Донарума, ако биде продаден. Првиот е Алесандро Плизари, кој игра во Ливорно во Серија „Б“, но половина од неговите права се во сопственост на „росонерите“ и тие лесно можат да го вратат на „Сан Сиро“.

Другата опција е да се привлече третиот голман на Јувентус, Матија Перин, кој целосно ја загуби шансата да се бори за место оваа сезона кај „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…