Дома Фудбал Италија Донарума донесе конечна одлука – конечно крај на сагата!

Донарума донесе конечна одлука – конечно крај на сагата!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Џанлуиџи Донарума донел конечна одлука за својата иднина, и наскоро ќе стави крај на „сапуницата“.

Иако има понуди од Реал Мадрид и ПСЖ, сепак Донарума и неговото семејство не сакаат да ја променат средината и донесле конечна одлука да потпишат нов договор со Милан.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Наводно Донарума веќе имал состанок со Раиола и му ја соопштил одлуката, а тоа него сигурно нема да му се допадне бидејќи ПСЖ и Реал му нудат голема провизија за да го добијат потписот на младиот голман.

Медиумите пренесуваат дека оваа седмица ќе има состанок помеѓу Милан, агентот и самиот Донарума и ќе биде ставен потпис на нов петгодишен договор.

Сеуште е нејасно дали во новиот договор ќе има откупна клаузула, на која што настојува Раиола бидејќи сака да го пресели голманот во Мадрид или Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бенитез за трансферот на Александар Исак: Ќе ви откријам една тајна

Поранешниот тренер на Ливерпул и Њукасл, Рафаел Бенитез (65), ги сподели своите сознанија …