Сите знаеме дека Златан Ибрахимовиќ единствениот човек кој го цени и почитува е – Златан Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот е познат по неговите изјави, сетете се само како одговори на прашањето: „Што ќе и купите на сопругата за роденден, одговори: Нејзе не и е потребно ништо, го има Златан“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бенџамин Стамбули во интервју за „Goal.com“ зборуваше за својот период поминат во Пари Сен Жермен, а иако престојуваше само една година на „Паркот на принцовите“, тоа беше повеќе од доволно да се увери каков човек е Златан Ибрахимовиќ.
„Бевме заедно на масажа кај физиотерапевт и во позадина одеа некои вести. Златан ме праша да му преведам бидејќи беше јасно дека се зборува за него. Му објаснив дека зброуваат дека тој е „крал на Париз“ си помислив ќе биде среќен поради тие зборови бидејќи беше очигледно дека луѓето го обожааваат. Но, следеше поинаква реакција. Беше лут и почна да вика, каков еб*н крал, јас сум нивни Бог! Тој е тотално луд“, изјави Стамбули.
Сегашниот фудбалер на Шалке потоа објасни дека Златан е еден од најдобрите напаѓачи во историјата.
„Неговиот карактер, неговата сила на теренот и способност да биде лидер се неверојатни. Тој е посебна личност која може да ја прочита ситуацијата побрзо од било кој друг. Златан е многу паметен, ги тестира луѓето околу себе во секоја ситуација. Тој обожава да игра психолошки игри со луѓето и така да ги контролира. Сака да победи на секој натпревар, во се. Не е важно дали се работи за фудбалски натпревар или фрлање пластични шишиња во корпа“, зборуваше Стамбули.