Дома Трансфер зона Договорот постигнат: Фудбалерот кој помина 10 години во Арсенал се сели во Валенсија

Договорот постигнат: Фудбалерот кој помина 10 години во Арсенал се сели во Валенсија

Договорот е постигнат, се чека само официјална потврда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот „RMS Sport“ пишува дека во текот на наредните 24 часа ќе биде реализиран трансферот на Франсис Кокелан во Валенсија.

Кокелан после скоро една деценија ќе го напушти Арсенал и кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.

„Топчиите“ го доведоа Кокелан од Франција како 17 годишник во својот младински погон, а пред да стане првотимец беше испраќан на позајмици во Лориен, Фрајбург и Чарлтон.

За Арсенал одигра 159 официјални натпревари, освои два ФА купа и еден Комјунити Шилд, а бидејќи оваа сезона целосно падна во втор план одлучи да ја промени средината и да се приклучи на Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…