Екипата на Интер се договори со Фламенго за целосен откуп на Габриел Барбоса – Габигол.
Габигол во претходната сезона играше како позајмен фудбалер од Интер во Фламенго, а после одличните настапи бразилскиот шампион одлучи да го откупи. Преговорите траеа долго, но договор на крајот сепак се постигна.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Интер за неговите услуги ќе инкасира 17 милиони евра и ќе има 20% од сумата од неговиот нареден трансфер.
Член на Интер Габигол стана во 2016 година. Платен беше 30 милиони евра на Сантонс, а во Италија целосно потфрли, одигра само 10 натпревари и постигна еден гол. Следуваше позајмица во Бенфика каде што исто така не се снајде. После Бенфика премина во Сантос каде што започна да ја враќа формата, а во Фламенго буквално експлодираше.
Постои можност бразилскиот тим веднаш и да го продаде затоа што за Габигол интерес покажуваат повеќе европски клубови.