Враќањето на терените на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да се случи порано од очекуваното.
34-годишниот дефанзивец скоро е целосно опоравен од повредата на коленото и може да се врати на терените на дуелот со Елче во Примера во сабота, пишува „Марка“.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Рамос е надвор од терените од 14 јануари, кога се повреди во Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао.
На 6 февруари дефанзивецот направи операција и се очекуваше да се врати во април, но регабилитацијата заврши порано од очекуваното.
Коментари