Фудбалскиот свет сигурно ќе претрпи промени после пандемијата со коронавирусот. Сите клубови во овие моменти додека е се стопирано губат многу пари и тоа сигурно ќе влијае.
Дел од клубовите веќе ги намалуваат платите на своите играчи со цел да ја надминат кризната. Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи е убеден дека ваквата ситуација ќе влијае и на трансфер пазарот во летото кое следи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според Партичи ако се биде нормално со преодниот рок голем број клубови ова лето ќе разменуваат играчи, нешто слично како трејдовите во НБА лигата.
„Летово очекувајте многу трејдови како во НБА лигата. Ова што денес се случува ќе не приближи до такво функционирање. Секако дека има клубови кои полесно ќе ја поминат кризата. Според мене клубовите од Бундес лигата нема да имаат големи проблеми затоа што Германија има стабилна економија, меѓутоа добар дел од останатите сигурно ќе мораат малку да го променат начинот на функционирање“, изјави Партичи.
Инаку, во НБА лигата не постои плаќање играчи, туку играчите се разменуваат како слободни агенти.