Иако во медиумите се шпекулираше дека Кристиано Роналдо може да го напушти Јувентус на крајот на оваа сезона, сепак тоа изгледа нема да се случи.
Јувентус вчера доживеа изненадувачки пораз од Беневенто во Серија А и тој секако е разочарување за навивачите. После натпреварот спортскиот директор Фабио Партичи доби прашање за иднината на Португалецот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Донесовме одлука да го задржиме Роналдо. За нас тој е најдобриот во светот и не сакаме да се разделиме. Јувентус минатата сезона започна проект и се ушето веруваме во него. Еден лош период сигурно нема да ги промени нашите ставови и стратегија“, изјави Партичи.