Вчера како бомба одекна во македонската спортска јавност веста дека напаѓачот на Ренова, Влатко Стојановски се сели во Франција и тоа во најсилната лига во редовите на Ним.
Кога е сумата во прашање некаде се шпекулираше за износ од 1.5 милиони евра, но потоа се појави информација дека тој изнесува 300.000 евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спортскиот директор на францускиот прволигаш, Лорен Боисие после објавувањето на веста за трансферот на Стојановски во француските медиуми зборуваше за македонскиот напаѓач и објасни зошто го доведуваат.
Според неговите зборови Стојановски се уште не е спремен за Лига 1, но е играч со голем потенцијал.
„Станува збор за вистински голгетер. Паметно играп ред голот и ги користи двете нозе, одличен е и во играта со глава. Она кое посебно ни се допадна е што е тој тимски играч и работи за тимот. Меѓутоа се уште не е подготвен за нивото на Лига 1. Луѓето во клубот ќе работат со него, убеден сум дека тој е играч со голем потенцијал и јас лично сериозно сметам на него во иднина“, изјави Боисие.