Вчера во рамките од 7. коло во француското фудбалско првенство ПСЖ со убедливи 4:0 на гости го совлада Ним.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Два гола во овој натпревар постигна феноменалниот Килијан Мбапе, а еден од нив посвети на осумгодишно момче кое се бори со канцер.
Откако го постигна првиот гол Мбапе го подигна дресот за да испрати порака до малиот Лука.
„Лука, биди храбар, јас сум со тебе“, гласеше пораката која Мбапе ја испрати до малото момче.