Дома Македонски спорт Мак ракомет Ним покажа квалитет во Битола: Пораз за Е.Пелистер на стартот од Европската лига

Ним покажа квалитет во Битола: Пораз за Е.Пелистер на стартот од Европската лига

Eурофарм Пелистер со пораз ја започна сезоната во Европската лига против најквалитетниот тим во групата Д, француски Ним.

Вечерва во одличната атмосфера во Битола Ним однесе победа со 21:26. Иако разликата не го открива тоа, Ним беше далеку, далеку подобар противник во денешниот натпревар. Од самиот старт стана јасно во каква насока ќе оди мечот. После десетина минути Французите имаа 6:1.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жељко Бабиќ инсистираше на игра „7 на 6“ од почетокот, а тоа не се покажа како најдобра одлука. Видовме многу ситуации на празен гол кои Ним ги казнуваше. На полувремето гостите имаа високи 15:6. На стартот од полувремето дојдоа и до 10 гола разлика (19:9). Од 41. минута кога натпреварот веќе беше решен дојде и до опуштање кај ракометарите на Ним, па Е.Пелистер успеа барем да го ублажи поразот.

Фото: Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Денеска во првиот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето на ВТБ лигата кошаркарите на Ун…