Големо е разочарувањето во таборот на Баерн Минхен по вчерашната елиминација од германскиот куп против третолигашот Сарбрикен.
Баварците загубија со гол во 96. минута по бројните нереализирани шанси во второто полувреме, но директорот Криштоф Фројнд смета дека тимот бил казнет за лошото издание во првото полувреме.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Фудбалерите на германскиот гигант беа далеку под своите можности по првите 45 минути во кои резултатот беше 1:1, а потоа во завршницата примија и втор гол.
„Не можам да разберам како бевме толку слаби во првото полувреме. Како може да се игра фудбал така без душа, без агресивност…Не можете да излезете на терен со такво пристап без разлика кој е противник на другата страна. Победата на Сарбрикен на крајот не беше незаслужена. Навистина болен пораз за кој самит сме виновни“, изјави Фројд.