Директорите на Интер го повикале тренерот Симоне Инзаги на разговор на кој се анализирале слабите партии на тимот од почетокот на сезоната.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Нероаѕурите“ имаат 3 порази на првите девет меча, па Инзаги дал објаснување за случувањата во тимот, пренесува „Газета дело Спорт“.




Директорите на Интер се загрижени за лошата физичка спремност на тимот, како и фактот дека играчите не покажуваат амбиција и мотивираност во текот на целиот меч.




„Газета дело Спорт“ пренесува дека состанокот поминал во добра атмосфера и дека раководството му дало поддршка на тренерот Инзаги.