Дома Фудбал Италија Династијата продолжува: Синот на Малдини стави потпис на нов договор

Династијата продолжува: Синот на Малдини стави потпис на нов договор

Династијата Малдини денес е тема број еден во Италија!

Имено, после покојниот дедо Чезаре, па таткото Паоло и најмладиот Малдини, Даниел доби прпфесионален договор со Милан.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Даниел Малдини е еден од најголемите таленти во академијата на Милан и ова лето беше повикан за првиот тим и имаше неколку настапи во пријателските натпревари.

Малдини јуниор на кого му се предвидува голема кариера, за разлика од неговиот татко игра како напаѓач и офанзивен играч за врска.

Клубот верува во него, па откако пред еден месец наполни 18 години, денес му понуди долгорочен професионален договор. Даниел денес стави потпис на 5-годишен договор односно до 2024 година.

Со тоа продолжува династијата Малдини во Милан долга повеќе од 50 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…