Неодамна, Паоло Малдини го напушти Милан поради несогласувања со првиот човек на клубот околу трансфер политиката во летниот преоден рок, а сега си замина и синот на легендата на „росонерите“.
Даниел Малдини во наредната сезона ќе игра за друг клуб и ќе го носи дресот на Емполи. За него немаше место во сениорскиот тим на Милан, па 21-годишниот фудбалер се одлучи да ја прифати понудата од Емполи. За Милан, Даниел дебитираше уште в 2020 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Емполи ќе настапува како позајмен фудбалер и тоа ќе биде негво трет клуб затоа што минатата сезона беше исто така испратен на позајмица во во Специја..
И другиот син на Малдини, Кристијан се занамава со фудбал, но игра во Серија Ц (Трета италијанска лига) во тимот на Леко.