На Даниел Малдини не му беше лесно да се здобие со целосно фудбалско признание во дресот на Милан поради големата семејна традиција, но очигледно среќата ја најде во Монца.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Офанзивниот играч за врска од стартот на сезоната игра се подобро и подобро, стана и италијански репрезентативец, а тоа не остана незабележано кај тимовите на врвот на табелата во Серија А.
Еден од клубовите кои размислуваат за доаѓањето на Даниел Малдини е Аталанта, пренесува Фабрицио Романо.
Малдини минатото лето пристигна во Монца без обештетување, тимот е на последното место на табелата и испаѓањето од лигата е многу реално сценарио, што дополнително би го олеснило процесот на потписот на Малдини.
Милан се уште има 50% од следната продажба на Малдини, кој во моментов се проценува на 10 милиони евра.–