Дома Останати Ракомет Динамо Букурешт го шокираше Веспрем на свој терен

Динамо Букурешт го шокираше Веспрем на свој терен

Динамо Букурешт приреди големо изненадување во ракометната Лига на шампионите откако го победи Веспрем на домашен терен со 31:29. За романскиот тим ова е само втора победа, претходно исто така приредија сензација победувајќи Кјелце на отварањето на сезоната.

Во поголемиот дел од натпреварот Романците беа подобриот тим, а во првото полувреме имаа предност од четири гола. Сепак, унгарскиот тим ја намали и на полувреме се замина со 14:13 за домаќинот.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Успеа Веспрем и на два пати да поведе во второто полувреме, меѓутоа тоа беа кратки моменти и не успеваа да го задржат темпото. Откако го вратија водството Динамо повторно имаше разлика од четири гола, а во финишот успеаа да се одбранат од нападите на Унгарците.

Елверум го победи Мешков Брест со 27:30. Од почетокот на мечот овој натпревар одеше во иста насока, Елверум на моменти имаше и шест гола предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Апсолутно заслужено: „Проектилот“ на Кузмановски во топ 5 голови во ЛШ 🎥

Eкипата на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер одигра одличен натпревар на гости кај Па…