Дома Македонски спорт Мак ракомет Валтер мотивиран: Против Веспрем немаме што да загубиме, во спортот никогаш не знаете ништо однапред

Валтер мотивиран: Против Веспрем немаме што да загубиме, во спортот никогаш не знаете ништо однапред

Eкипата на Еурофарм Пелистер за првпат оваа сезона ќе игра на завршниот турнир на Ф4 во СЕХА лигата кој ќе се игра во Задар.

Стратегот Ларс Валтер кој дојде на местото на Жељко Бабиќ смета дека ова е голема шанса за него и не ги криеше амбициите на денешната прес-конференцијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во полуфиналето на СЕХА, пелистерци ќе се сретнат со Веспрем кој важи за фаворит во овој дуел.

„Кога бев млад Пелистер беше голем клуб на Балканот, ако сте во мои години тогаш сигурно знаете за Пелистер. Во последните години клубот се крена на ниво повисоко и се бори за титулата. Ова е добра шанса и за мене како тренер, против Веспрем немаме што да загубиме. Никогаш во спортот не можете да знаете нешто однапред. Сите опции се отворени“, порача Валтер.

Вечерва битолскиот состав ќе го има и официјалниот тренер во Арената „Крешимир Ќосиќ“ каде што утре ќе се игра натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…