Дома Фудбал Лига на шампиони Динамо бара одложување на натпреварот против Барселона

Динамо бара одложување на натпреварот против Барселона

Во среда навечер Барселона дома треба да игра против Динамо Киев.

Каталонците во првите две кола запишаа две победи против Френцварош и Јувентус и како големи фаворити влегуваат во натпреварот со тимот од Киева. За работата да биде полоша за Украинците тие можат да сметаат само на 13 играчи од првиот тим поради големиот број заразени со Ковид-19.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Медиумите во Украина сега објавија дека Динамо испратил допис до УЕФА за одложување на натпреварот меѓутоа такво нешто е малку веројатно. Прописите на УЕФА гласат дека еден тим мора да истрча на терен ако има 13 играчи на располагање.

Сепак, останува да почекаме и да ја видиме конечната одлука на УЕФА. Ќе потсетиме Димамо во првото коло од ЛШ изгуби од Јувентус со 0:2, додека во второто ремизираше против Френцварош (2:2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Перез донел нова одлука: Две легенди заминуваат од Реал Мадрид!?

Реал Мадрид веројатно нема да ја продолжи соработката со клупските легенди Лука Модриќ и Л…