Ракометарот на Еурофарм Пелистер 2 Димитар Димитриоски во новата сезона ќе игра во Шпанија во тимот на Ваљадолид.
Во Ваљадолид Димитриоски пристигнува по барање на Давид Писонеро со кого соработуваше додека двајцата беа во Вардар, токму затоа Писонеро сигурно добро ги познава квалитетите на макеоднскиот среден бек.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Димитриоски во кариерата покрај Вардар и Еурофарм Пелистер 2 настапуваше уште за Металург со кој на почетокот на кариерата го освои Купот на Македонија.
„Станува збор за одличен ракометар со кого се запознав во Македонија, добиваме засилување кое може да покрива две позиции, среден бек и лево крило“, изјави Писонеро.